Од Центарот за безбедност на Црна Гора украдени 20 снајпери и муниција

Од:

Од полициски магацин во зграда во која претходно бил Центарот за безбедност во Подгорица, украдени се 30 снајпери како и значителна количина муниција, потврдија во МВР на Црна Гора.

Инспекторите привеле на информативен разговор повеќе свои колеги како и магационери кои имале клучеви. Засега никој не е официјално соомничен.

Полицијата смета дека пушките кои освен снајпер имале и придушувачи, завршиле на илегалниот пазар.

– По преселувањето на ЦБ во Подгорица во нови простории во Управата на полицијата, дел од оружјето останало во магацинот. Таму имало пушки со снајпери и придушувачи, како и околу 10.000 парчиња разна муниција, изјави за Дан соговорник од полицијата.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба