Очајни работници пеш бегаат од БиХ

Од:

Работници од неколку претпријатија во реонот на Тузла денеска пеш се упатија кон местото Орашје на босанско-хрватската граница, со цел „засекогаш да ја напуштат Босна и Херцеговина“.

Стотината работници се упатија кон Орашје во колона, придружувани од поголем број полицајци.

Првично утрово, кон Хрватска замина само работници од фабриката за чевли „Аида“ од Тузла, а потоа ним им се придружија и вработени од фабриките „Дита“, „Коњух“ и „Ливницата за челик“.

Тие наведуваат дека се решиле на ваков потег затоа што „во БиХ нивните апели за помош не наидуваат на одговор“ и поради тоа „спас од гладта ќе бараат во земјите од ЕУ“.

Работниците со месеци протестираат на улиците на Тузла барајќи формирање на властите во Тузланскиот Кантон, кои би им исплатиле еднократна помош од 400 конвертибилни марки (200 евра), како и регулирање на нивниот стаж и покренување на производството во фабриките чија приватизација пропадна.

– Одиме кон Орашје. Не знаеме што не чека кога ќе стигнеме таму. Наша цел е да дојдеме до таму, изјави претпладнево потпретседателот на Синдикатот на работниците од „Аида“, Хасан Ужичанин.

Работниците порачаа дека ако бидат вратени од границата „ќе ги нападнат имотите на оние кои се на власт“.

Би можело да ве интересира

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

Турско и(ли) наше

Емир Латифовиќ

Чуркин: Резолицијата за Сребреница само би ја зголемила тензијата на Балканот

Емир Латифовиќ

Ескалираа протестите во Сараево

Емир Латифовиќ

Мисијата Алтеа во БиХ продолжена за уште една година

Емир Латифовиќ

ФОТО: Метеор експлодираше над Сараево

Емир Латифовиќ