Обвинителството на Србија ги бара креаторите на лажниот некролог за Вучиќ

Од:

Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, наредил Основното јавно обвинителство Младеновац итно да ги идентификува креаторите на некрологот за смртта на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, која, како што се сомнева, била фалсификувана на територијата на оваа општина, соопштија од Вишото јавно обвинителство.

Исто така, на Специјалното одделение за високотехнолошки криминал му е наредено да ги идентификува лицата кои го споделиле некрологот на социјалните мрежи.

Овие дејствија претставуваат кривично дело кое се гони по службена должност и мора да биде санкционирано во согласност со законот, вели главниот јавен обвинител на Белград.

Би можело да ве интересира

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ