Обреновац, Уб и Крупањ – најзагрозени од поплавите во Србија

Од:

Покрај Обреновац каде евакуацијата на жителите е во тек, во Србија најкритично е во Уб и Крупањ, кои се целосно отсечени и помош до жителите тешко може да стигне. Ситуацијата во Шабац сега е под контрола, јави Танјуг.

– Почнавме со извлекување тела во Обреновац. Засега можам да кажам само дека не знаеме што не чека кога водата ќе се повлече, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.

Тој нагласи дека се уапсени неколку лица кои се обиделе да заработат додека е вонредната состојба. Едното од нив е од Обреновац кој тројно зголемил цени на прехранбени производи. Додаде дека утре попладне се олекува бранот на реката Сава и оти Србија е подготвена да се справи со тоа.

Во Уб се загрозени 4.000 домаќинства, но во градот може да се дојде само по копнен пат, а најпотребни во моментот се вода за пиење и лекови.

Крупањ веќе неколку денови е отсечен од државата без вода и струја. Граѓаните се во исклучително тешка ситуација. Со денови молат за помош која не може да стигне бидејќи патот од Лозница е во прекин заради одрони. Другиот дел преку Завлака исто така е прекинат поради урнат мост. Телефоните не работат, а мобилната мрежа е достапна само на моменти. Група луѓе од Лозница се обиделе да се пробијат до Крупањ, но не успеале во тоа, јави Танјуг.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ