Објавени нови фотографии кои ја докажуваат поврзаноста на Златна зора со нацистичката идеологија

Од:

Во рамките на истрагата за наводните криминални активности на Златна зора, синоќа се објавени повеќе фотографии кои се очекува да го зајакнат случајот против неофашистичката партија во Грција.

На фотографиите, кои ги објави „Весникот на уредниците“, се гледа како лидерот на партијата Никос Михалолиакос и други високи партиски функционери носат нацистички обележја и пред знаме со свастика упатуваат нацистички поздрав. На една од фотографиите е прикажан Михалолиакос како млад, како поздравува нацистички со крената рака, пред голема свастика.

Не е познато кога е направена фотографијата. Лидерот на Златна зора во моментов е во затворот Коридалос.

На друга фотографија, од април 2009 година, е вториот човек на партијата Христос Папас, кој исто така во моментов е во затвор, како отпоздравува на гробот на поранешниот фашистички диктатор Бенито Мусолини во Предапио, Италија.

На една од фотографиите е и кандидатот за градоначалник на Атина Илијас Касидиарис со група од шест луѓе со кои упатуваат нацистички поздрав додека држат знаме со свастика. Еден од нив е идентификуван како убиениот член на Златна Зора, Ламброс Фунтулис.

Златна зора веднаш се огласи по повод објавените фотографии.

„Соработниците на Четвртиот Рајх кои ја ограбија земјата се нестрпливи да најдат начин да се справат со националистичкото движење со 30-годишни фотографии“, се наведува во соопштение објавено од страна на партијата.

„Грчкиот народ, кој е тешко погоден од бруталната политика за штедење е рамнодушен кон смешната системска пропаганда и признава дека Златна зора само се бори за Грција и за Грците“, подвлекува неофашистичката партија.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија