ВИДЕО: Терористот снимен на камерите пред нападот во Бургас

Од:

Бугарските медиуми објавија фотографии од човекот за кој се претпоставува дека е бомбашот самоубиец, кој вчера попладне го крена во воздух автобусот полн со израелски туристи на аеродромот во Бургас и усмрти осум луѓе.

Лицето кое на фотографиите е облечено во сина маица и капа, има долга коса, како што јавуваат бугарските медиуми користел лажен документ, односно возачка дозвола од американската сојузна држава Мичиген.

Снимките се од безбедносните камери на аеродромот во Бургас и се се послаб квалитетет. Обезбедени се од бугарското МВР од каде повикуваат граѓаните доколку имаат било каква информација за лицето да се обратат во најблиската полициска станица.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Цевтан Цветанов кажа дека има изведен ДНК профил од терористот.

Според него има и отпечатоци од прстите и дадени се на анализа во Софија.

Министерот рече дека според ДНК не може да се утврди националност, туку идентитетот на терористот а тоа ќе се дознае откако отпечатоците ќе бидат дадени на анализа во Интероп и во земјите каде што се претпоставува дека живеел.

Цветанов рече дека бугарската полиција сеуште не знае дали терористот имал логистичка поддршка во Бугарија.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски