Објавен повик за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија

Од:

Министерството за локална самоуправа на Република Македонија и Министерство за регионален развој и јавни работи на Бугарија го објавија  третиот и последен повик со буџет од 3.083.616 евра за реализација на проекти преку Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија, кофинансирана од Инструментот за претпристапна помош ИПА за периодот 2007 – 2013.

Повикот е за проектни предлози за промоција на прекуграничната соработка помеѓу двете земји партнери кои треба да се однесуваат на една од двете приоритетни оски, односно на  економски развој и социјална кохезија и за подобрување на квалитетот на живот.

Крајната цел на програмата е да го зголеми капацитетот на локалните и на регионалните власти во развојот и спроведувањето на заеднички проекти во прекуграничниот регион на Благоевград и Ќустендил  за Бугарија и Североисточниот, Источниот и Југоисточниот статистички регион за Македонија.

Предлог проектите може да се поднесуваат до 4 март 2013 година во 16 часот по локално време.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме