Турската продуцентска компанија „Пана филм“ соопшти дека ќе снима четврто продолжение од филмскиот серијал „Долина на волците“, кое ќе говори за обидот за воен преврат во Турција од 15 јули.
Главен лик во трилогијата „Долина на волците“, како и во истоимената телевизиска серија, е тајниот агент Полат Алемдар.
По трите популарни сезони на серијата од 2003 до 2005 година, во 2006-та беше снимен и првиот филм од трилогијата, „Долина на волците: Ирак“, а потоа, паралено со серијата беа снимени и „Долина на волците: Гладио“ во 2009 и „Долина на волците: Пелестина“ во 2010 година. Сите три филма се базираа на вистински настани.
Засега не е познато кога ќе започне снимањето на четвртиот дел на „Долината ва волците“, во кој веројатно Полат Алмдер ќе се справува со организаторите на воениот преврат во Турција.