Со полагање заклетва пред парламентот, Томислав Николиќ денеска ја превзема должноста претседател на Србија.
„Се колнам дека сета своја сила ќе ја посветам на зачувување на сувереноста и територијата на Република Србија, вклучувајќи ги и Косово и Метохија како нејзин составен дел, во остварување на човековите и малцинските права и слободи, одбрана на Уставот и законите, зачувување на мирот и благосостојбата на сите граѓани на Србија“, рече Николиќ.
Денеска тој порача дека сака подобар живот во Србија, ослободување на граѓаните од стравот од иднината и членство во ЕУ, но истакна дека никогаш нема да се одрече од Косово.