Неколку стотици лица се собраа вечерва на протесна прошетка низ центарот на Софија изразувајќи незадоволство од поскапувањето на струјата, и покрај денешната оставка на бугарската Влада на премиерот Бојко Борисов.
Учесници на протестите, како што јави БТА, изјавиле дека не сакаат предвремени избори „кои би ги довеле на власт луѓето што управуваа со државата во последните 23 години“, туку дека сакаат само „пониски цени за струјата“.
Извикувајќи „Долу партиите“ и „Мафија“ учесниците на маршот се упатија пред зградата на бугарското Собрание, каде се собраа и група поддржувачи на премиерот во оставка Борисов. Помеѓу двете групи се распоредени полициски сили кон спечуваат контакти меѓу нив.
Протести против поскапувањето на струјата се одржа и во неколку други бугарски градови, како Пловдив, Бургас, Ќустендил и Димитровград. Протести се одржаа и пред зградата на препријатието „Топлификација“ во Враца, каде околу 200 граѓани јавно ги запалија своите сметки за топлинска енергија.