Нови напади на бунтовниците од ПКК во источна Турција

Од:

Бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) нападнале синоќа полицајци, кои ја обезбедувале претседателската резиденција во округот Мардин, во југоисточна Турција, при што се ранети двајца припадници на полицијата, од кои едниот потешко.

Бунтовниците фрлиле бомби и стрелале со автоматски пушки кон зградата и полицајците.

Припадниците на полицијата одговориле на огнот, но напаѓачите успеале да избегаат. По нападот во регионот се испратени единици на специјалните сили, кои почнале потрага по напаѓачите. На едно место избувнала престрелка, при што се убиени двајца членови на ПКК.

Во округот Мардин курдските бунтовници ја нападнале и зградата на жандармеријата во градот Нусајбин. Следувала престрелка, која траела околу 40 минути. Бунтовниците успеале да се сокријат во околната шума. Турските сили за безбедност презеле операција за пронаоѓање на напаѓачите.

Бунтовниците фрлиле и две звучни бомби пред влезот на регионалната команда на полицијата во Тунџели, во источна Турција. Во нападот нема настрадани.

Во истиот округ изутринава курдските бунтовници активирале автомобил бомба, при преминување на полициско возило. Во нападот е тешко ранет полицаец од специјалните единици.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски