Нови над 1.100 учители се отстранети од должност во Турција

Од:

Нови над илјада и сто турски учители се отстранети од должност денеска, откако вчера турските власти отпуштија 11 илјади професори поради наводните врски со курдските бунтовници, јави БТА.

Новите отпуштања се наменети за 1.151 учител од Тунџели и Ван, каде живее претежно курдско население. 

Неколку стотини учители се собраа пред зградата на Министерството за образование во Тунџели, со цел да протестираат против воведените мерки. 

Сулејман Ѓулер, локалниот претседател на синдикатот во сферата на образованието „Егитим-сен“, кој исто така го изгуби работното место, ги искоментира дејствијата на властите како „напад врв нашата синдикална борба“. 

Вчера, Турција отстрани од должност 11.500 учители, осомничени од Министерството за образование, дека се поврзани со активности на ПКК, која се смета за терористичка организација.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ