Нови демонстрации најавени и за денеска во Бугарија

Од:

Нови демонстрации се закажани за денеска во Софија и неколку други градови во Бугарија заради исклучително високите цени на електричната енергија на кои се бара и оставка од Владата.

Пред бугарскиот парламент вчера протестираа околу две илјади луѓе. Демонстрациите во Софија прераснаа во насилства кога се случи судир меѓу полицијата и демонстрантите кои фрлаа со камења кон зградата на парламентот и искршија прозорци.

Полицијата подоцна соопшти дека се уапсени четворица демонстранти.

Повеќе од две илјади луѓе демонстрираа и во Варна, а протести се регистрирани и во девет други градови во државата. Бранот протести кој во најсиромашната држава во ЕУ почна пред околу една недела од ден во ден собира се повеќе незадоволни граѓани кои тврдат дека сметките за струја надминале вистински цени за потрошена енергија за околу 120 отсто.

Според бугарскиот економски весник Капитал, со минимална плата во Бугарија од 260 лева (околу 130 евра) може да се купи 10 пати помалку струја отколку со минимална плата во Франција.

ЕК минатиот месец соопшти дека Бугарија, Велика Британија и Естонија ги пријавила во Европскиот суд за правда бидејќи тие држави во целост не усвоиле правила од ЕУ за либерализација на нивните енергетски паазари.

Во Бугарија за пет месеци ќе има избори, а според анкети поддршката за Владата е намалена на 22 отсто, а во иста мерка граѓаните ја поддржуваат и опозициската Социјалистичка партија.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме