Новата палата на Ердоган е непотребен луксуз, според 32% од неговите симпатизери

Од:

Триесет и два проценти од симпатизерите на конзервативно исламистичката Партија на правдата и развојот сметаат дека новата палата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е непотребен луксуз и трошење пари, покажуваат резултатите од анкетата, спроведена од агенцијата Метропол во 29 области на Турција.

Шеест и еден отсто од сите турски граѓани сметаа дека палатата е луксуз, покажува анкетата.

За изградба на палатата се потрошени една милијади и 370 милиони турски лири.

Незадоволство турските граѓани изразуваат и во врска со сириските бегалци. Шеесет и седум отсто сметаат дека политиката на конзервативната Влада на премиер Ахмет Давутоглу по ова прашање е погрешна.

Резултатите од анкетата покажуваат намалување на поддршката за процесот за мирно решавање на курдското прашање, кој турската Влада го води со лидерот на Курдската работничка партија, Абдула Оџалан.

Четириесет отсто од анкетираните симпатизери на Партијата на правдата и развојот не ја одобруваат политиката на Владата во врска со курдското прашање.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ