Нова руска помош за справување со поплавите во Србија

Од:

Во Србија денеска се очекуваат два авиона од Руската Федерација со хуманитарна помош и техничка опрема за најзагрозените територии, соопшти српското МВР. Авионите ќе слетаат на аеродромот во Ниш.

Од Русија во Србија веќе пристигнаа 76 спасувачи со опрема, две специјални возила, десет чамци кои се ангажирани во Обреновац и помагаат во евакуацијата на луѓе.

Нивото на реката Сава во Белград е во мал пораст, но ситацијата засега е под контрола и насипите се зајакнуваат, изјави началникот на Оперативниот градски центар за вонредни ситуации Александар Марсениќ.

Во изјава за РТС тој вели дека жителите на Барич се евакуирани, а во Обреновац и понатаму се врши евакуација.

Термоелектраните во Обреновац и Костолац засега се безбедни, но и понатаму се следи нивото на реките.

Заменикот началник на Секторот за вонредни ситуации Ѓорѓе Бабиќ изјави за Танјуг дека ТЕ Никола Тесла во Обреновац засега не е загрозена, додека ТЕ во Костолац е безбедна и оти тимови се на терен во обид да ги зачуваат од оштетувања.

Во Сремска Митровица и Шабац состојбата е стабилна, но постојано има тимови кои дежураат.

– Екипи постојано дежураат, работат, засилуваат насипи, дел од жителите веќе се евакуирани од Шабац и Сремска Митровица, изјави Бабиќ.

Водостојот на Сава кај Сремска Митровица сега е 849 сантиметри, што е за 14 сантиметри пониско во однос на максимумот. Вчерашниот максимален водостој бил 863 сантиметри.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ