Авион на компанијата „Туркиш Ерлајнс“ на лет од Истанбул до Лисабон, беше принуден да се врати на истанбулскиот аеродром „Ататурк“ поради добиена закана за поставена бомба во леталото.
Како што јави Фена, повикувајќи се на турски медиуми, авионот слетал на аеродромот во Истанбул, по што биле преземени сите неопходни безбедносни мерки.
Ова е трета дојава за поставена бомба во авион на „Туркиш Ерлајнс“ во последниве неколку дена.
Вчера авион на лет од Истанбул за Сао Паоло принудно слета во Мароко поради закана за поставена бомба, а пред четири дена од истите прични беше прекинат и лет од истанбуласкиот аеродром кон Токио. По извршените поверки беше утврдено дека двете дојави за поставени бомби се лажни.