Нов топлотен бран на Балканот, температурите одат и над 40 степени

Од:

Подрачјето на Балканот е зафатено од нов топлотен бран. Ова подрачје ќе биде под влијание на термобаричниот гребен и многу топла воздушна маса од север и северозапад на Африка, што ќе предизвика многу топло време, прогнозираат метеоролозите. Ваквата ситуација ќе продолжи во текот на поголемиот дел од следната недела.

Топлиниот бран носи високи, понекогаш тропски температури, објави денес Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора.

Во Зета-Бјелопавличката рамнина, максималната температура ќе надмине 40 степени.

Во Босна и Херцеговина беше претежно ведро во саботата наутро, а според мерењата на температурата на воздухот во 11 часот, највисоките температури беа во Мостар – 33 степени Целзиусови и Требиње – 32 степени. Во Сараево, температурата беше 28 степени, објави Федералниот хидрометеоролошки институт.

Прогнозирана температура до крајот на денот е од 30 до 38 степени на југот на Босна и Херцеговина.

Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска издаде предупредување за топлотни бранови што можат да влијаат на здравјето, а за недела, 10 август, прогласи црвен временски аларм, односно ризик од исклучително опасно време за регионот Риека.

Црвен временски аларм за понеделник и вторник е издаден и за регионите Книн, Сплит и Дубровник.

Портокалов временски аларм, кој укажува на опасно време, е прогласен за регионите Осиек, Загреб, Карловац, Госпиќ, Книн, Сплит и Дубровник за недела.

Слично многу топло време ќе продолжи и во понеделник во поголемиот дел од Хрватска, со температури од 30 до 37 степени, а во внатрешноста на Далмација до 39 степени.

Во сабота ќе биде сончево и многу топло во Србија, со слаб до умерен променлив ветер, а температурите ќе се движат од 14 до 37 степени, објави Републичкиот хидрометеоролошки завод.

Во Белград ќе биде многу топло, со највисока дневна температура околу 36 степени.

За следната недела се предвидува претежно сончево време со максимални температури на повеќето места од 34 до 38 степени, локално и повисоки.

Би можело да ве интересира

Унгарија: Балканот повторно се претвора во буре барут

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ