Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Од:

Ситуацијата во Санторини станува се посериозна бидејќи областа е погодена од два нови, најсилни земјотреси до сега, со јачина од 4,8 и 4,9 степени според Рихтеровата скала. Само денеска се регистрирани повеќе од 34 земјотреси, над 220 во изминатите три дена, а од првите помали земјотреси пред десет дена, вкупно 550.

Кризниот штаб ги повикува жителите да избегнуваат паника, но овие апели допираат само до мал дел од жителите на островот. Стотици луѓе се обидуваат по секоја цена да се качат на траекти или навреме да избегаат со итни летови кои поскапеа за 100 отсто и чинат 200 евра во еден правец. Се зголемува притисокот врз пристанишните власти, па во текот на ноќта се очекуваат итни фериботи. Редот на автомобили и луѓе со чанти и неопходни работи е се поголем од час во час.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски