Нишани: Албанија нема територијални претензии кон соседните држави

Од:

Албанија и нејзиниот народ немаат територијални претензии кон соседните држави, изјави албанскиот претседател Бујар Нишани вчера во Тирана.

На прашањето по повод откажувањето на посетата на грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос на Тирана, Нишани истакна дека „во целата наша историја, дури и во многу тешки моменти, Албанија и нејзиниот народ никогаш немале намера да присвојат територија од своите соседи“.

Во средата шефот на грчката дипломатија во последен момент ја откажа посетата на Тирана, каде требаше да присуствува на одбележувањето на 100-годишнината од независноста на Албанија. Причина за откажувањето беше изјавата на албанскиот премиер Сали Бериша за „национална независноста на сите албански страни од грчкиот град Превеза до Прешево и од Скопје до Подгорица“.

Грчки медиуми вчера објавија дипломатски извори, кои зборуваат за криза во албанско-грчките односи.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици