Сега е вистинското време да се реши 25-годишниот спор за името и има волја и на двете страни за тоа, изјави посредникот на ОН Метју Нимиц по средбата во Атина со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.
Нимиц оценува дека средбата била конструктива, а грчката влада искрена и активна во решавање на проблемот.
Тој сепак не прецизираше што содржат неговите последни предлози доставени до владите на Македонија и Грција.
Медијаторот на Обединетите Нации утре од Атина доаѓа во Скопје, каде што во наредните два дена ќе има разговори со македонскиот државен и политички врв.