Нилс Муижниекс: Во земјите од поранешна Југославија се уште има последици од војните

Од:

Повеќе од 20 години по првата војна, која укажуваше на подоцнежното распаѓање на поранешна Југославија, се уште се чувствуваат последиците од насилството во регионот, се наведува во извештајот на комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс.

Комесарот нагласува дека се уште како исчезнати се водат 12.200 лица, 423.000 бегалци и раселени лица не можат да се вратат во своите домови, околу 20.000 лица останаа без државјанство или постои опасност тоа да им биде одземено, а најмалку 20.000 жени, кои биле подложени на сексуално насилство, се уште имаат потреба од голема поддршка.

– Сето тоа, заедно со недостигот на казни за воените злосторства фрла сенка врз почитувањето на човеките права, врз демократијата и владеењето на правото, се наведува во извештајот.

Во документот Муижниекс се осврнува и на работата на Хашкиот трибунал, напоменувајќи дека земјите од регионот треба да ги зголемат напорите за продолжување на неговата работа на локално ниво.

Комесарот за човекови права на Советот на Европа нагласи дека е потребно унапредување на националните правосудства и на системите за заштита на сведоците.

Би можело да ве интересира

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот