Претседателот на Србија, Томислав Николиќ по состанокот со претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ дека владата на Србија утре ќе го соопшти ставот за понуденото решение за Косово и дека зад тој став ќе стои претседателот на Републиката и мнозинството на партиите.
Николиќ истакна дека српската делегација на преговорите со Приштина во Брисел всушност и не добила понуда.
-Дека може да се поправи нешто, постои можност. Но дека мора да се смени, мора – изјави Николиќ и додаде дека Србија не може да се откаже од својот Устав и спроведување на косовски закони и Устав.
Елена Георгиевска