Претседателот на Србија Томислав Николиќ смета дека треба да се измени начинот на кој Србија го избира својот шеф на државата, односно наместо на директни избори, тој да биде избран во Парламентот.
Николиќ изјави дека своевремено, кога ги усогласувале ставовите со Воислав Коштуница и Борис Тадиќ, а сето тоа преку Коштиница, бидејќи Николиќ немал директен контакт со Тадиќ. Токму барање на Тадиќ било претседател да се бира на непосредни избори, пренесува Танјуг.
– Јас се залагав да го бира собранието со овластувањата кои се предвидени. Меѓутоа, тој рече дека воопшто нема да гласа за уставот, ако претседателот не биде биран на директни избори. Му реков дека не се плашам од тој директен избор, бидејќи и претходно без убеден дека ќе го победам. Ќе беше добро да го победев порано.