Николиќ: Подготвени сме на помирување, но не зависи се од нас

Од:

Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска на Банстол, на Фрушка Гора присуствуваше на поменот на жртвите на акцијата „Бура“, каде што порача дека Србија и Србите се подготвени на простување и помирување, но, како што рече „тоа не зависи само од нас“, јави Танујг.

– Нашиот образ е чист, а нашиот леб е подготвен да оди таму од каде доаѓааа камењата кои ги фрлаа на нас, рече Николиќ, обраќајќи се на граѓаните прогонети во акцијата „Бура“ пред 20 години од Хрватска, кои свое уточиште најдоа во оваа викенд населба на Фрушка Гора.

– Да се прости никогаш не значи да се заборави, но ние низ својата историја умеевме во име на нечии интереси, кои беа сечии само не српски, лесно да се откажеме и речиси да ги заборавиме своите жртви, рече Николиќ по парастосот за жртвите на „Бура“.

Српскиот претседател рече дека големината и силата на еден народ не се мери со бројот на убиени и засекогаш протерани, слаби и незаштитени, и додаде дека на образите на оние кои ги извршија злостроствата останува „втиснат печат на злосторници“.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда