Николиќ: Неуспех на дијалогот со Приштина би можел да доведе до предвремени избори во Србија

Од:

Доколку дијалогот меѓу Белград и Приштина заврши неуспешно, тогаш тоа би било добра причина за распишување предвремени парламентарни избори во Србија, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ во интервју за белгардската телевизија Б92.

Тој нагласи дека тоа е негово мислење и дека несека да влегува во анализиа дали во таков случај треба да има предвремени избори или не, бидејќи „како претседател на сите граѓани не би сакал да се занимава со партиски политики“.

Николиќ смета дека некои од решенијата за Косово би можеле сериозно да ја загрозат европската перспектива на Србија, но според него, Белград сепак треба да продолжи да се стреми кон двете цели – „и ЕУ и Косово“.

– Не е можно да се прави избор меѓу ЕУ и Косово. Но, Србија мора да се  стреми да ги заштити своите минимум интереси на Косово, но и интересите на сите свои граѓани, а тоа е членството во ЕУ, потенцира Николиќ.

Тој нагласи дека Србија ги утврдила своите црвени линии преку кои нема да помине, а првата од нив е дека никогаш нема да го признае Косово.

– Ако до 2 април не биде постигнат договор со Приштина, тогаш нови преговори ќе бидат можни дури по една година, изјави Николиќ, додавајќи дека косовските Албанци би се обиделе да го искористат тој период за да извршат дополнителен притисок.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ