Николиќ: Не може да се избира помеѓу ЕУ или Косово

Од:

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ оцени дека некои решенија за Косово можат сериозно да го загрозат продолжението на евроинтеграциите, и покрај тоа што Србија и понатаму треба да го продолжи патот, кон остварување на своите цели.

Доколку работите течат како до сега, Албанците да го изнесат својот Устав и закони и да кажат „Доколку се согласувате со ова, се договоривме“, ако за тоа имаат поддршка од Европската комисија или Советот, тоа е знак дека таму нас не, не очекуваат – изјави претседателот на Србија.

Тој додаде дека не е можно да се прави избор помеѓу ЕУ и Косово, туку дека Србија треба да се залага и да оствари максимум од интересите на Косово, но и интересот на сите граѓани, а тоа е членството во Унијата.

Според неговите зборови „црвената линија“ која Србија не смее да ја помине е никогаш да не ја признае независноста на Косово и во долг период да не дозволи на територијата на српските заедници на Косово да се појави некоја вооружена сила.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ