Николиќ: Не дозволувам Приштина да ми каже дали може да одам во нашето Косово!

Од:

Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска изјави дека нема да го помине Божиќ во манастирот Грачаница на Косово, како што најави претходно, нагласувајќи дека „нема да дозволи Приштина да решава дали тој ќе го посети Косово или не“.

– Нема да одам во Грачаница. Не дозволувам Приштина да решава дали можам да одам во нашето Косово. Очевидно е дека ЕУЛЕКС чека властите во Приштина да го решат тоа – истакна Николиќ.

Тој за белградскиот весник „Курир“ додаде дека „ќе треба да го смени односот кон ЕУЛЕКС и Брисел поради тоа“.

– Мисијата на ЕУ уште еднаш покажа дека не е неутрална во однос на статусот и прави онака како што ќе и каже Приштина – рече српскиот претседател.

Властите на Косово му забранија на Николиќ да ја посети земјата за време на божиќните празници, пишува денеска приштинскиот весник „Експрес“, повикувајќи се на локален функционер.

Косовскиот вицепремиер, Хајредин Кучи синоќа изјави дека косовските институции не му дозволиле посета на српскиот претседател, Томислав Николиќ на Косово за време на Божиќ, додавајќи дека српските официјални претставници ќе можат да го посетат Косово кога „ќе се обезбеди реципроцитет во посетите“.

Би можело да ве интересира

Прва жртва од невремето во Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски

Обезбедете храна и лекови – времето во Србија може да биде опасно

Српските граѓани добиваат СМС од полицијата: Бидете внимателни и следете ги упатствата на надлежните органи

Горан Наумовски

Српската Влада незаконски шпионира активисти, НВО и новинари објави Амнести интернешенел

Уште два нови земјотреси во Србија: Тлото се стресе во Краљево и во Мајданпек