Николиќ: Ќе почнат подготовките за следната Парада на гордоста

Од:

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ изјави дека уште од денес треба да започнат подготовките за одржување на Парадата на гордост, која ќе се одржи наредната година, за да не се загрози европскиот пат на Србија.

Николиќ истакна дека според Уставот на Србија сите граѓани, па и ЛГБТ популацијата имаат загарантирано право на собири и тоа е еден од постулатите за кои државата се залага, во рамките на борбата за човекови права, стои во соопштението на службата за соработка со медиумите на Николиќ.

-Сите граѓани без оглед на сексуалната и друга определеност се еднакви во правата и државата на тоа треба да се посвети на адекватен начин. Со оглед на тоа што станува збор за деликатно прашање, кое што многумина може да го злоупотребат, спротивно на интересите на Србија, мора да се вклучат сите инволвирани, од безбедносните агенции, медиумите, па до невладините организации и меѓународни институции и на време да се подготви теренот-истакна претседателот во соопштението.

Според него Србија заслужи да биде дел од европското семејство и рамноправен партнер на целиот свет.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ