Николиќ ќе мора да каже кој му подарил „Ауди А6“

Од:

Претседателот на Агенцијата за борба против корупцијата Зоран Стоилковиќ побара од српскиот претседател Томислав Николиќ да каже како го добил на подарок автомобилот „Ауди А6“.

– Николиќ како државен фунционер е должен да открие во каков контекст и од кого го добил подарокот, изјави Стоилковиќ за „Блиц“.

Весникот вчера објави дека Николиќ во последниот извештај за неговата имотна состојба не навел дека поседува автомобил „Ауди А6“ произведен од 2003 година, кој го добил на подарок, но не навел од кого е подарокот.

Портпаролот на Агенцијата за борба против корупцијата Александра Костиќ истакна дека Николиќ ја исполнил законската обврска со тоа што пријавил згоемување на имотот. Таа наведе дека Агенцијата ќе провери дали и врз која основа Николиќ го добил подарокот и дали таквиот гест е поврзан со неговата државна функција или како приватно лице.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија