Николиќ и Јахјага ќе се сретнат на 6 февруари во Брисел

Од:

Претседателите на Србија и на Косово, Томислав Николиќ и Атифете Јахјага ќе се сретнат на 6 февруари во Брисел, потврди кабинетот на српското претседателство.

– Средбата ќе се одржи на 6 февруари, веднаш по завршувањето на посетата на шефот на српската држава во Турција, потврди кабинетот на Николиќ.

Датумот го потврди и Јахјага, која оцени дека оваа средба значително ќе помогне за развој на преговорите, кои се водат меѓу девете страни, како и за спроведување на досега постигнатите договори.

Првата средба меѓу претседателите на Косово и на Србија е организирана од кабинетот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

Двајцата претседатели ќе разговараат за проширувањето на дијалогот и помирувањето меѓу Србите и Албанците.

Од Претседателството на Србија не соопштуваат повеќе детали во врска со оваа средба, но ги повторија претходниот став дека Николиќ е отворен за разговори со косовската страна.

Државниот врв на Србија истакнува дека сега се отвора можност за разговори околу сите отворени прашања кои се на дневен ред во актуелниот дијалог меѓу Белград и Приштина.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски