Николиќ го исвиркаа на Газиместан

Од:

Говорот на српскиот претседател Томислав Николиќ пред Споменикот на Косовската битка во месноста Газиместан во Косово, беше прекинат денеска поради навредливото скандирање на група млади луѓе.

Како што јавија српските медиуми, поголема група млади го прекинале обраќањето на Николиќ скандирајќи: „Го предадовте Косово“, „Тома Шиптар“, „Вулин Шиптар“…

Од друга страна, пак, друга група граѓани присутини на собирот му аплаудирале на српскиот претседател извикувајќи „Да живее Томислав Николиќ“ и „Да живее Србија“.

Пред да го прекине обраќањато, Николиќ во неколку наврати се обидел да ги смири тензиите порачувајќи: „Сите ние сме Срби“. При говорот на Николиќ била фрлена и петарда.

За време на сите овие случлувања, полицијата што го обезбедувала собиот не се вмешала.

Пред обраќањето, Николиќ положил венец на споменикот на Косовската битка, а по собирот на Газиместан се упатил кон српската енклава Грачаница, која се наоѓа крај Приштина.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда