Никој не сака да го преземе телото на убиецот од Градачац: „Не ме интересира тоа го**о“

Од:

Поминаа четири дена од масакрот што го изврши Нермин Сулејмановиќ во Градачац. Ја уби сневенчаната сопруга Низама Хеќимовиќ, турските државјани таткото и синот Ѓенгиз и Денис Ондер, а ги рани сопругата на Ѓенгиз, Хариса Ондер, полицаецот Хусеин Коториќ и Недим Памуковиќ.

Тој го снимаше монструозниот чин на убиство на сопругата и го објави на Инстаграм.

Потоа на фарма во градот Леденица Доња, опкружен од полициски сили се самоуби.

Сега се поставува прашањето каде и кога ќе биде погребан Сулејмановиќ. Како што дознава „Аваз“, никој не сака да го преземе неговото тело, па ни татко му.

Неговите „познаници“ за новинарите на „Аваз“ кои се во Градачац изјавиле дека таткото на Нермин Сулејмановиќ рекол: „Тоа го*но не ме интересира“.

Би можело да ве интересира

Судот на БиХ побара распишување меѓународна потерница за Додик

Катерина Ѓуровски

Додик го игнорира Обвинителството, не се појави на распит за напад на уставниот поредок на БиХ

Катерина Ѓуровски

Страотен случај во Босна: Момче го убило пријателот, го сечел телото за да го сокрие во куфер

Катерина Ѓуровски

Полицијата во Брчко пронајде 31 дете во куќа, тројца уапсени за трговија со луѓе

Судот на БиХ денеска ќе ја изрече пресудата против Милорад Додик

Повик за голем митинг во Република Српска, пресудата за Додик пат кон распад на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ