Според последните податоци, а пред 10-годишнината од објавување на независноста, на референдумот на 21 мај 2006 година, Црна Гора не е признаена од 13 држави, објави порталот РТЦГ.
Од Министерство за надворешни работи и европски интеграции наведуваат дека Црна Гора е признаена од 182 држави, со кои Подгорица воспоставила и дипломатски односи.
Црна Гора како независна држава не е признаена од Бахами, Барбадос, Белизе, Кралството Бутан, Република Екваторијална Гвинеја, Камерун, мадагаскар, Република Маршалски Острови, Сојузна Република Камерун, Папуа Нова Гвинеја, Сомалија, Демократска Република Свети Тома и Принципи, Обединета Република Танзанија и Кралството Тонго.