Невреме над Балканот, девојче загина од удар на гром во Босна

Од:

Невреме со дожд, ветер и грометивици зафати делови на Балканот вчера и денеска, при што во близината на босанскиот град Прњавор 11 годишно девојче загинало од удар на гром.

Несреќата се случила вчера вечер, во месноста Отпочиваљка, каде што живеело девојчето, јави весникот Аваз.

Невреме го зафати и турскиот главен град Анкара, при што шест лица беа повредени кога пороен дожд предизвика поплави доволно силни да понесат паркирани возила. Десетици куќи и канцеларии беа поплавени од дождот.

Во српскиот главен град Белград денеска 15 минути паѓал град со големина на лешник, а метеролозите очекуваат дека ќе останат високите температури, а бурата и грмотевиците ќе се насочат кон западните делови на Србија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница