Непознат напаѓач отвори оган врз полициска станица на централниот плоштад Таксин во Истанбул, но според првичните информации нема повредени, јави турската телевизија НТВ.
Според телевизијата, напаѓачот го фрлил оружјето и побегнал. Некои турски весници истакнуваат дека напаѓачот може да е жена.