Неколку ранети во ракетирање на турскиот град Калис од сириска територија

Од:

Две ракети, истрелани од северна Сирија, што е под контрола на Исламската држава, паднале на територијата на пограничниот турски град Калис.

При падот се ранети неколку лица, јавува БТА, повикувајќи се на соопштение на турските власти. 

Турската артилерија ја гранатирала територијата од која биле истрелани ракетите, соопшти турската телевизија НТВ, и наведе дека во нападот биле убиени четворица џихадисти.

Утринава во Калис паднаа три ракети, од кои беа ранети четворица локални жители, потсетува ТАСС. 

Градот Калис постојано е напаѓан од страна на ИД, и од почетокот на годината таму се убиени 19 лица.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ