Некои министри само се сликаат за Инстаграм, српскиот премиер размислува за реконструкција

Од:

Српскиот премиер Ѓуро Мацут размислува за реконструкција на владата на Србија бидејќи не е задоволен од работата на дел од министрите.

Мацут вели дека владата работи одговорно, но дека не е задоволен од работата на некои министри. Нивниот единствен придонес, како што рече тој, е што се фотографираат за социјалната мрежа Инстаграм.

„Не сум задоволен од некои министри како што бев некогаш. Размислувам за реконструкција на владата, но одлуката за реконструкцијата ќе ја донесат првенствено тие, од работата што ја работат и резултатите што ги постигнуваат. Мора да размислиме за подобрување на сè што прави владата“, порача Мацут.

Од друга страна, како што рече, задоволен од работата на други министри. На прашањето колку е извесна владината реконструкција во моментов, српскиот премиер вели дека засега не може да каже.

Би можело да ве интересира

Мицкоски и Мацут на средба во Скопје: Ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан

А1он

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денес ќе престојува во работна посета на Македонија

Мацут: Невиден вандализам врз академска институција, полицијата спречи поголеми последици

А1он

Мацут го осуди синоќешното насилство и нападите врз полицијата, им се заблагодари на полицајците

Горан Наумовски

Мацут: Единство, а не социјална поларизација, хармонија и колективен интерес, а не поделби и екстремизам

Српскиот премиер Ѓуро Мацут поседува пет стана и една куќа

А1он