Неизвесна средбата на лидерите на ЛДК и ВВ, Мустафа очекува повик од Курти

Од:

Средбата на лидерите Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Албин Курти и Иса Мустафа, која беше најавена за попладнево, се уште не се одржа и неизвесно е дали до неа воопшто ќе дојде денеска, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во меѓувреме Мустафа свика состанок на раководството на ЛДК, по кој изјави дека очекува повик од Курти, не изнесувајќи други детали.

– Не можам да кажам дали ќе имаме средба денеска, но доколку Курти не повика ние сме подготвени да се состанеме, изјави кратко Мустафа.

Двете досега опозициски партии од порано објавија дека се договориле за програмата на идната заедничка влада, која ќе ја води Курти, меѓутоа до застој во преговорите дојде откако ЛДК истапи со барање да ја преземе функцијата претседател на државата, откако во април 2021 година ќе му заврши мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи.

Конститутивната седница на новото Собрание на Косово, произлезено од вонредните парламентарни избори, претседателот Тачи ја свика за 26 декември, што е и последниот рокот во кој партиите победнички на изборите од 6 октомври треба да постигнат договор за заедничка влада.

Претставници и на ВВ и на ЛДК најавуваат дека, доколку не се најде решение за прашањето на идниот претседател, единствена алтернатива е распишување нови парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски