Негирањето на геноцидот во Сребреница стана кривично дело во БиХ

Од:

Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина усвои измени на Кривичниот законик со кои негирањето на геноцидот во Сребреница и на сите воени злосторства потврдени со судски одлуки, добива третман на кривично дело за што се предвидува затворска казна во траење до три години.

Како што јави Хина, измените, предложени од пратеникот Јасмин Дувњак од Партијата за демократска акција (СДА), биле прифатени од двата дома на Парламентот, Домот на народите и Претставничкиот дом.

Измените ќе стапат во сила осум дена по нивното објавување во Службениот весник на муслиманско-хрватската Федерација.

Сепак, засега не е познато дали овие казнени одредби ќе важат и за жителите на српскиот ентитет на БиХ, Република Српска, или ќе бидат ограничени само на граѓаните од Федерацијата БиХ.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина