Небојша Стефановиќ избран за претседател на српскиот Парламент

Од:

Кандидатот на Српската напредна партија (СНС) Небојша Стефановиќ денеска е избран за нов претседател на српскиот Парламент.

Неговиот избор го поддржаа 142 пратеника, против се изјаснија 48, а 15 биле воздржани.

Стефановиќ е еден од основачите на СНС, член на нејзиното Претседателство, потпретседател на Главниот одбор и шеф на белградскиот одбор на партијата.

Тој е роден во 1976 година во Белград, каде завршил Деветта белградска гимназија „Михајло Петровиќ Алас“ и дипломирал на Факултетот за бизнис студии на Мегатренд универзитетот. Лани магистрирал економски науки.

Работел во приватни фирми, кои се занимаваат со дистрибуирање на компјутерска опрема и маркетинг.

На изборите во мај оваа година е избран за пратеник во Собранието на Србија, а како пратеник на Српската радикална партија, чиј член бил пред основањето на СНС, го предводел парламентарниот Одбор за трговија и туризам.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он