„Не сум виновна“, вели мајката на убиецот од „Владислав Рибникар“ во Белград

Од:

Судењето на родителите на момчето кое на 3 мај минатата година уби девет соученици и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград продолжи во средата со сослушување на мајката која ја изнесе својата одбрана негирајќи ја вината што и се припишува од страна на обвинителството.

Таткото на првообвинетиот момче заврши со излагањето на одбраната на претходните рочишта, беше испрашуван од обвинителството и оштетените, а мајката денеска во судница одговараше на прашањата на обвинителството и бранителот, но одби да одговори на прашања на претставниците на повредените семејства, јавија белградските медиуми.

Судењето на родителите на 13-годишниот ученик, кој на 3 мај минатата година во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ со истрели од пиштолот на својот татко уби девет соученици и еден обезбедувач, во трагедија невидена во неодамнешното историја на Србија, започна на 29 јануари.

Против нив се водат една кривична и пет граѓански постапки. Поведена е кривична постапка од страна на Вишото јавно обвинителство во Белград, со оглед дека во моментот на делото, нивниот син не можел кривично да одговара.

Кривичната постапка е затворена за јавноста.

Обвинителството го товари таткото на момчето за тешко дело против општата безбедност поради сомневање дека го обучувал својот малолетен син како да ракува со оружје и дека не се погрижил оружјето и муницијата да бидат надвор од дофат на други лица.

Мајката беше обвинета за нелегално поседување оружје и муниција, откако во чаурата пронајдена по масакрот во училиштето имало траги од нејзината ДНК. Обвинителството побара 12 години затвор за таткото, а 2,5 години за мајката.

Обвинетите се и сопственик и инструктор на стрелачкиот клуб каде таткото го однел синот да вежба гаѓање во подвижни цели, а за нив е предложена казна затвор од три години, за давање лажни изјави во текот на истрагата. Граѓанска постапка против родителите покренаа семејствата на убиените деца.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Странски служби го бараа убиецот од „Рибникар“

Горан Наумовски

Му рекол на синот дека е психопат, а го носел на стрелиште – детално образложение за пресудата против семејството Кецмановиќ

А1он

Таткото и мајката на Коста Кецмановиќ вкупно осудени на 17,5 години затвор

А1он

Пресуда за родителите на момчето убиец од Србија – се бара максимална казна

А1он

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски