Не е исклучена можноста за карантин на територија на цела Грција

Од:

На територијата на цела Грција би можело да биде воведен карантин  вели портпаролот на грчката Влада Стелиос Пеца за грчката телевизија „Скај“ во однос на тоа колку е веројатно во целата земја да се примени моделот од Солун односно во Грција да се воведе целосен карантин, јави дописничката на МИА од Атина.

–Не е исклучено и тоа, врз основа на она што го гледаме во сите европски земји.  Секогаш треба да бидеме подготвени и за најдоброто и за најлошото сценарио. Според тоа, се подготвуваме и за најлошото сценарио, објасни Пецас и додаде дека сѐ ќе зависи од епидемиолошките податоци.

Паралелно рече дека ако сите се придржуваат со мерките, тогаш може ситуацијата да биде пооптимистичка во декември.

Но, истакна дека во спротивно, односно ако нема почитување на правилата, тогаш наместо да олабавување, ќе има дополнителни рестрикции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он