Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека кон средината на следниот месец Алијансата ќе започне преговори за членство на Црна Гора.
– Никој нема право да се меша во процесот на прием на Црна Гора во НАТО, чии парламент и Влада го потврдија барањето за членство, истакна Столтенберг, претставувајќи го годишниот отчет за 2015 година.