По трагедијата во Загреб, заедно со сите тажни вести за повредените деца и настраданото девојче, се издвојува херојскиот чин на 62-годишната учителка која ги заштити децата од напаѓачот и се здоби со дури 31 убодна рана.
За среќа, според последните информации, закрепнувањето на наставничката која беше ранета од 19-годишниоѕ напаѓач во основното училиште Пречко оди многу добро.
Претставникот на хируршката клиника на КБ Свети Дух Жарко Рашиќ во изјава за телевизијата РТЛ рече дека и е отстранета механичката вентилација и дека е будна и комуницира.
Тој истакна дека дефинитивно ќе и биде пружена соодветна психолошка помош кога ќе закрепне доволно.
Откако се смири стравот и шокот што следеше по нападот, заедно со сочувството кон родителите на настраданото девојче и другите повредени ученици, се истакнува храброста на оваа госпоѓа пред пензионирање која го користеше сопственото тело за да ги заштити учениците.
Коментарот на хрватскиот новинар и писател Анте Томиќ, кој во својот текст за Јутарњи.хр, меѓу другото, наведе: „Никој немаше да ја обвини таа 62-годишна дама пред пензија доколку побегнеше од криминалецот врескајќи и ако се заклучеше во оставата за метли. Не би очекувале од некој со нејзината месечна плата да се јуначи“.
„За такво нешто нема пари ни одликувања. Тоа што таа со сопственото тело ги заштити учениците, го туркала манијакот додека тој избезумено ја бодел десетици пати, е чин на храброст што целиот хрватски генералски збор, доколку ги соберете сите заедно, не би се осмелиле да го направат. Кога мислите дека сето ова околу нас е крвав хаос, наставниќка од приградско училиште ви ја враќа вербата дека сè уште има добрина и смисла на овој свет.
Вчера, 19-годишен напаѓач нешто пред 10 часот изврши напад со нож во училиштето при што тешко рани наставничка и неколку ученици. Во нападот загина седумгодишно дете.