Факултетот за јазици, историја и географија при Анкарскиот универзитет нема да оддржува настава три дена поради инцидентот, кој се случи изутрината, пишува весникот „Заман“.
Инцидентот се случил кога група студенти се обиделе да влезат во зградата на факултетот без да минат низ апаратите на обезбедувањето.
Тие влегле во судир со полицијата, која употреби солзавец против студентите.
Полицијата приведе голем број студенти, кои учествувале во акцијата.