Народниот правобранител на Албанија и малцинствата заеднички ќе бараат подобрување на малцинските права

Од:

Албанскиот народен правобранител Игли Тотозани во соработка со малцинствата во Албанија ќе формира работна група, чија задача ќе биди изготвување на посебен извештај за положбата и правата на националните малцинствата во земјата, кој ќе биде доставен на разгледување до новиот Парламент и новата албанска влада.

Ова, како што јави дописникот на МИА, е договорено на средба на преставници на малцинствата во Албанија со Тотозани во рамките на петдневната Академија на малцинствата, што Албанската група за човекови права ја организираше во Москополе.

Васил Стерјовски, преставник од албанските Македонци на средбата, изјави дека задача на работната група составена од преставници од сите малцинства ќе биде изготвување на извештај за актуелната положба на малцинствата во Албанија со вклучени барањата за подобрување на нивната положба.

– Главни барања на малцинствата се нивно признавање на целата територија на Албанија, изготвување и изгласување на закон за малцинствата, потпишување на Европската повелба за регионални или малцински јазици, обезбедување образование на мајчин јазик за малцинствата, финансиска подршка на различните активности на малцинствата, измена на

– Изборниот закон каде ќе се гарантира застапеност на мацинствата во Парламентот, и др., изјави Стерјовски.

Во декември Советот на Европа треба да одлучи дали Албанија ќе добие кандидатски статус за членство во Европска Унија, потсетува Стерјовски и додава дека овој извештај ќе биде дополнителен притисок за новата албанска влада и Парламент, кои треба да започнат да ги подобруваат правата на малцинствата со цел до декември да исполнат дел од барањата на малцинствата и Албанија да добие кандидатски статус.

Според него, од 12 препораки што Албанија требаше да ги исполни за добивање на кандидатски статус за членство во Европската Унија, исполнети се 11, а остана уште само препораката која е поврзана со подобрувањето на правата на малцинствата.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски