Новинар на српски „Курир“ е нападнат од толпата демонстранти кои ја блокираа Автокоманда. Тие го опколија и го навредуваа, а поединци сакаа да му го одземат микрофонот и да го спречат да работи.
Инцидентот се случи кога сакаше да се приклучи во телевизиска програма, па е удрен во задниот дел од главата, по што беше принуден да побара лекарска помош.