Напад на бунтовниците од ПКК врз жандармерија и полиција во југоисточниот турски град Лиџе

Од:

Бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) денеска изведоа два истовремени напади врз командата на жандармеријата и врз полицијата во градот Лиџе, во округот Дијарбекир, во југоисточна Турција, соопшти турскиот телевизиски канал НТВ.

Во нападот нема настрадани.

Во фрлачи на гранати бунтовниците од ПКК ги гаѓале зградите на командата на жандармеријата и полицијата.

Силите на редот соодветно одговориле на нападот. Дел од курдските сепаратисти успеале да избегаат.

Преземена е опсежна акција на фаќање на напаѓачите.

Нападите во Лиџе се последните денешни напади преземени од ПКК врз турските сили за безбедност. Во атентати во различни делови на Турција денеска загинаа вкупно осум лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски