Во новосадскиот водовод, по повод Богојавление беше осветена водата, потег кој покраинскиот омбудсман го оцени како непримерен чин на раководството бидејќи „црквата и државата се одвоени“.
Славата на Јавното комунално претпријатие Водовод и канализација, одбележана беше како што јавуваат локални медиуми, со традиционален верски обред и кршење славска погача, а славскиот кум бил лидер на Народното движење Динара-Дрина-Дунав.
Осветувањето на водата го извршил свештеник од СПЦ, а до него биле и претставници на Водовод како и помошник на градоначалникот задолжен за образование.
Покраинскиот заштитник на граѓаните во соопштение наведе дека поради медиумски информации за „света вода“ смета за обврска да реагира и предупреди на непримерно однесување на управата на претпријатието.