Најнеизвесни избори во Турција во последнава деценија

Од:

В недела Турците ќе гласаат на парламентарни избори, кои важат за најнеизвесни во последнава деценија, поради најмалку две причини.

Првата е дали владејачката конзервативно-исламистичка Партија на правдата и развојот (АКП) по четврти пат ќе победи на парламентарните избори и ќе го зголеми своето мнозинство, а втората е дали курдската Демократска партија на народите (ХДП) ќе успее да го мине изборниот праг за влез во турскиот Парламент.

Како што оценуваат аналиитчарите во Анкара, колку и да изгледаат дијаметрално различни, овие две дилеми се тесно поврзани и од нив во голема мерка ќе зависи политичката иднина на земјата.

Лица со курдско потекло и досега учествуваа во политичкиот живот на Турција. Така, покојниот претседател Тургут Озал по потекло беше Курд, а има и повеќе министри и пратеници кои се од курдска националност. Но, на овие избори прв пат една курдска партија претендира да влезе дирекно во Парламентот како четврта политичка сила.

Митинзите на ХДП се многу побројни од оние на другите политички партии, па некои аналитичари го ставаат партискиот лидер Селахадин Демирташ по популарност веднаш зад председателот Реџеп Тајип Ердоган.

Овој предизборен натпревар се претвори во ривалство помеѓу АКП и ХДП, за разлика од претходните неколку избори кога битката главно се водеше меѓу конзервативните исламистите и секуларната социјалдемократска Републиканска народна партија (ЦХП) на Кемал Киличдароглу.

Според аналитичарот Мехмет Тезкан од весникот „Милиет“, ХДП во моментов ги привлекува не само Курдите, туку и многумина кои се незадоволни од АКП и кои сакаат промена на власта.

– ХДН го одразува духот на (паркот) Гези. Ако властодршците пред две години се обидеа да ги сфатат пораките од Гези, тогаш сега ќе го сфатат и интересот на бирачите за ХДПН, вели Тезкан.

Според социолошки агенции, растот на популарноста на ХДП во извесна мерка се должи и на стравот дека при евентуално фолемо мнозинство, АКП ќе направи промена на Уставот, во кој е вкоренет принципот на парламентрарна република. Поради таа причина, многу луѓе кои се вознемирени од АКП, овој пат ќе гласаат за ХДП, иако не спаѓаат во вообичаениот електорат на оваа партија.

Но, „камен на сопнување“ за ХДП може да биде изборниот цензус за влез во Парламентот од 10 проценти. Негативен фактор е и недовербата кај многу Турци кон ХДП поради нејзините врски со Курдската работничка партија (ПКК). Многумина се убедени дека Курдите не се искрени и дека нивна цел е да прогласат своја автономија. Освен тоа, во курдското движење има сличности со една друга курдска партија – исламистичката Партија на слободната кауза (Худа-пар).

Ако ХДП успее да се ослободи од имиџот на етничка партија, од поврзаноста со ПКК и да го надмине прагот од 10 проценти, има шанси да добие најмалку 50 места во Парламентот на сметка на АКП, која при такво сценарио би можела да го загуби парламентарното мнозинство.

При таква варијанта, останува алтернативата АКП да бара коалиција или да формира малцинска влада, што би довело до нестабилност и евентуални предвремени избори.

Многу социолошки агенции, како „Конда“ и „Метропол“, прогнозираат дека ХДП ќе го надмине прагот од 10 проценти и ќе стане четвртата политичка партија во новниот турски Парламент, со што може да има клучна улога во формирањето на идната влада. Но, некои агенции прогнозираат дека ХДП ќе освои под 10 проценти, па нивните очекувани 50-тина пратеници, ќе отидат на контото на АКП.

За промена на парламентарниот во претседателски систем, на претседателот Ердиган ќе му требаат најмалку 331 глас во 500-члениот Меџлис.

– Но, дури и при негативно сценариот за Курдите, тие ќе продолжат да играат важна улога. Ништо чудно владејачката АКП да „заигра“ со нив и да ги очекува нивите гласови во случај на референдум за создавање претседателска република, во замена за исполнување на извесни барања на курдите, смета независниот аналитичар Атеш Ѓундај.

Поради значителниот процент на неопределни избирачи, кој изнесува околу 15 проценти, а исто така и поради различните ставови во однос на АКП, аналиитчарите велат дека е тешко да се прогнозира крајниот исход од изборите. Од друга страна, турскиот избрач е скептичен во однос на коалициските влади и поради тоа погледите на голем дел од избирачите се вртат кон АКП.

Но, владејачката партија сега не може да игра на картата на две од нејзините главни ветувања со кои победуваше на претходните избори. Првото е прашањето за т.н. „слобода за исламските обележја“, при што на претходните избори, АКП добиваше гласови затоа што играше на картата на „обесправданите забулени жени“, на кои со секуларните закони им беше забрането да носат шамии во училиштата и во државните институции. Сега кога носењето шамии е слободно, АКП загуби една од нејзините силни предизборни карти.

Второто предизборно ветување беше економијата, но некои проблеми во последно време, како што е девалвацијата на турската лира, ја изместоја оваа тема од предизборната реторика на владеечката партија.

Втората опозициска сила во земјата, зад ЦХП, Партијата за националистичка акција (МХП) ги фокусира критиките кон АКП поради политиката кон Сирија. Девеесет проценти од населението на Гази Антеп, турскиот округ кој граничи со Сирија, признаваат дека сирискиот проблем е закана за земјата.

– Ако Турција ја запре логистичката поддршка за џихадистите, сириската војна ќе заврши, вели професорот Умут Оздаг.

Прогнозите посочуваат и на раст на популарноста на опозициските партии. Поддршката за ЦХП се движи меѓу 26 и 28 проценти, а за МХП, која на претходните избори едвај го премина прагот од 10 проценти, е меѓу 15 и 18 проценти.

Социолошките истражувања предвидуваат дека АКП ќе победи на изборите, но со послаб резултат од претходно. Во 2011 година, АКП доби рекордна поддршка од близу 50 проценти. Во случај нејзината поддршка да биде на границата од околу 40 проценти, како што некои агенции и предвидуваат на АКП, партија нејверојатно не ќе може сама да формира влада.

Коментирајќи ги турските избори, американската тинк-тенк организација „Бајпартизан полиси сентер“, прогнозира дека ниту едно можно сценарио по изборите нема да донесе стабилност во земјата. Ако курдската ХДП не го мине изборниот праг може да дојде до големи протести и демонстрации, оценува организацијата.

Американските аналитичари прогнозираат дека ако АКП излезе ослабена од изборите, тоа исто така нема да обезбеди стабилност за земјата и ќе го зголеми ризиикот за појава на „екстремно леви реакции“.

– Одете од куќа до куќа, тропнете на секоја врата за да го добиете секој глас, затоа што ни е многу важен, им порача Ердоган на симпатизерите на митингот во центарот на градот Мерсин, што беше една од последните негови изјави пред 7 јуни.

Неговите зборови се знак дека претстојат тешки избори, а претстојниот период за Турицја ќе биде зависи од резултатот од изборите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ